• недела, 22 декември 2024

Македонска Каменица се вклучува во иницијативата „Седмицата за собирање на е-отпад”

Македонска Каменица се вклучува во иницијативата „Седмицата за собирање на е-отпад”

Македонска Каменица, 19 септември 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица преку работните активности на ЈП „Камена Река“, во соработка со Елколект – Скопје, се приклучува кон глобалната иницијатива за заштита на животната средина „Седмица за собирање на е-отпад“. 

Акцијата, како што објавија денеска од Општината, во Македонска Каменица, како и во повеќето општини во Македонија, ќе се одржи во периодот од 23 до 27 септември 2024 година. 

- Целта на активноста е да се подигање на свеста кај граѓаните од важноста за правилното одлагање на старите електронски уреди од домаќинствата. Овој вид отпад содржи опасни материи кои треба правилно да се одлагаат, бидејќи истите можат да бидат причинители за контаминирање на почвата и подземните води со опасни материи, објавија од Општина Македонска Каменица.

Јавното претпријатие „Камена Река дополнително ќе ги објави начините на собирање, како и локациите со собирните пунктови каде граѓаните ќе можат да извршат примопредавање на е-отпадот. 

- Со оваа акција, Општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река” даваат свој придонес во одбележувањето на чиста и здрава животна средина.  Напоменуваме, дека како граѓани треба масовно да се вклучиме во оваа Интернационална кампањата, како би покажале висока свест и лична одговорност кон природата, се додава во објавата по повод претстојната акција. вс/цр

 

Фото: Општина Македонска Каменица

Остани поврзан