• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонската туристичка понуда на Меѓународната туристичка берза во Берлин

Македонската туристичка понуда на Меѓународната туристичка берза во Берлин

Охрид, 4 март 2025 (МИА) – Туристичката понуда на Македонија, најатрактивните локалитети во земјава и локалните туристички продукти ќе бидат презентирани на Меѓународната туристичка берза што од денеска наредните три дена ќе се одржува во Берлин, Германија.

На големиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, ќе се претстават 190 земји и региони со 5.600 излагачи, сите со свои атрактивни и иновативни туристички продукти.

Македонската презентација цо Берлин се одржува во соработка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со рекорден број коегзибитори, тур-оператори и хотелиери.

Од Агенцијата посочуваат дека германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 38 илјади туристички посети  и 75 илјади ноќевања и реализиран 8-процентен раст забележан минатата година. аб/са/

Фото: АППТ

 

Остани поврзан