Македонската репрезентација бележи пад од две места на најновата ФИФА ранг-листа
- Македонската фудбалска репрезентација има назадување од две места на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денес.
Цирих, 20 јуни 2024 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација има назадување од две места на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денес.
По двата пораза на контролните натпревари со Хрватска и со Чешка, Македонија се најде на 71. место во светскиот фудбалски поредок.
Лидер на листата е Аргентина пред Франција и Белгија. Во Топ 10 се и: Бразил, Англија, Португалија, Холандија, Шпанија, Хрватска и Италија.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 18 јули. зс/
Фото: МИА