• недела, 22 декември 2024

Маж пребегнал од Северна во Јужна Кореја, а потоа украл автобус и се обидел да се врати

Маж пребегнал од Северна во Јужна Кореја, а потоа украл автобус и се обидел да се врати

Сеул, 2 октомври 2024 (МИА) – Јужнокорејската полиција уапси севернокорејски дезертер кој се обидел да се врати во Северна Кореја во украден автобус, јави Би-Би-Си.

Мажот бил фатен вчера на Мостот на обединување што ги дели двете Кореи, откако ги игнорираше војниците кои побараа од него да застане, а потоа го удри автобусот во барикада.

Тој на полицијата и рекол дека сака да се врати во Северна Кореја откако доживеал тешкотии на југот, јавуваат јужнокорејските медиуми. Тој, наводно, ја напуштил Северна Кореја пред десет години.

Утврдено е дека во моментот на инцидентот не бил под дејство на алкохол или дрога. јт/

Остани поврзан