• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша

МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша

Дебар, 4 февруари 2025 (МИА) – Единствената македонска партија во Албанија,  Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија (ДП) на поранешниот албански премиер и екс претседател на државата, Сали Бериша.

Според објавата на ДП, во изборната коалиција се 26 политички партии, меѓу кои и Партијата на слободата на Илир Мета, Републиканската партија на Фатмир Медиу, Партијата за заштита на човековите права на грчкото малцинство, чиј лидер е Вангел Дуле, како и Партијата за правда, интеграција и единство, партија на Чамите, на Шпетим Идризи.

При потпишувањето на коалицијата договорено е на изборите да настапат под името „Алијанса за величествена Албанија“, а каде и колку ќе имаат свои кандидати на кандидатските листи со загарантирани места и отворените листи, во 12-те Изборни единици ќе биде соопштено дополнително.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, од падот на комунистичкиот систем, ќе се одржат на 11 мај, на кои за првпат ќе гласа и албанската дијаспора.  вт/вј/

Фото: МАЕИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан