МАД и ИКОМОС: Со измените на Законот за заштита на културното наследство се уништува културното наследство со катастрофални последици
- Претставниците од Македонското археолошко друштво (МАД) и ИКОМОС Македонија на денешниот собир пред Собранието испратија апел до пратениците да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство, со кои, како што велат, бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, а во име на „поголем јавен интерес‟, зад кој се крие „профитерска зделка од огромни размери“.
![МАД и ИКОМОС: Со измените на Законот за заштита на културното наследство се уништува културното наследство со катастрофални последици](https://new.mia.mk/images/20230410110936_big_730x400_29.webp )
Скопје, 10 април 2023 (МИА) - Претставниците од Македонското археолошко друштво (МАД) и ИКОМОС Македонија на денешниот собир пред Собранието испратија апел до пратениците да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство, со кои, како што велат, бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, а во име на „поголем јавен интерес‟, зад кој се крие „профитерска зделка од огромни размери“.
Инаку, со предложените измени и дополнувања на членот 65 од овој Закон, се предлага во членот 65 по ставот 2 да се додаде нов став 3, кој би овозможил, доколку за време на вршење на градежни работи за проекти од државно значење биде пронајдено арехолошко наоѓалиште, односно предмет од археолошко значење, изведувачот на работите за тоа случајно октритие да го извести надзорниот инженер, заобиколувајќи ја постојната законска одредба истото да биде пријавено непосредно до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи.
![МАД и ИКОМОС собир](/articles/images/мадиикомоссоизменитеназаконотзазаштитанакултурнотонаследствxA4b7/PiHU4QUy4/placeholder.webp?use_watermark=1)
![МАД и ИКОМОС собир](/articles/images/мадиикомоссоизменитеназаконотзазаштитанакултурнотонаследств276rW/j46KFQvqA/placeholder.webp?use_watermark=1)
![Кристина Бицева од ИКОМОС Македонија](/articles/images/мадиикомоссоизменитеназаконотзазаштитанакултурнотонаследствrdNGn/E27Iml5QH/placeholder.webp?use_watermark=1)