• среда, 03 јули 2024

Лука Трифуновиќ од Боксерскиот клуб „Илинден“ на прием кај градоначалникот на општина Илинден

Лука Трифуновиќ од Боксерскиот клуб „Илинден“ на прием кај градоначалникот на општина Илинден

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) –  Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет го прими Лука Трифуновиќ, млад  боксер и  член на Боксерскиот клуб ,,Илинден”, по повод успешните настапи на меѓународните турнири во бокс.

Како што информираат од Општина Илинден, во знак на благодарност за несебична помош и поддршка врз развојот на овој Боксерски клуб, на градоначалникот Георгиевски му беше доделена благодарница.

Георгиевски во оваа пригода истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортистите и спортските активности и им дава големо значење, при што доказ за тоа се одржувањето на голем број спортски натпревари.

Лука Трифуновиќ има настапувано на повеќе домашни и меѓународни натпревари, каде има освоено врвни резултати. Тој неодамна настапи на меѓународниот боксерски турнир ,,Арена Куп” 2023, каде што настапија боксери од Северна Македонија, Косово, Албанија и Бугарија, а тој го освои првото место во својата категорија до 16-годишна возраст. љм/дма/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан