• недела, 22 декември 2024

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија

Минск, 30 април 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека се уште ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во земјата, но засега властите ја разгледуваат оваа одлука.

„Засега размислуваме. Навистина сакам да изградам втора [нуклеарна] централа“, рече Лукашенко за време на работното патување во регионот Могилев, јавија белоруските медиуми.

Лукашенко истакна дека белоруското општество „очигледно веќе го надмина пост-чернобилскиот синдром“ и нагласи дека бил многу загрижен кога ја донел одлуката за изградба на БелАЕЦ.

Тој е сигурен дека постапил мудро со изградбата на БелАЕЦ и покрај сите критики и притисоци од Полска и Литванија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан