• недела, 30 јуни 2024

„Лорд оф д денс“ в година ја почнува својата источноевропска турнеја од Бугарија

„Лорд оф д денс“ в година ја почнува својата источноевропска турнеја од Бугарија

Софија, 6 октомври 2023 (МИА) - Танчерската група „Лорд оф д денс“ (Lord of the Dance) источноевропскиот дел од својата турнеја го почнува од Бугарија. Закажани се два настапи - на 18 мај во Софија и на 19 мај - во Варна.

Претстојната турнеја на ирската уметничка група е посветена на 25-годишнината од создавањето на оригиналното шоу на Мајкл Флетли, а овојпат ќе има различни елементи и други уметници на сцената.

Подготвени се и нови костими и кореографија, режисерот останува ист, а музиката е на композиторот Жерар Фахи. Во изведбите учествуваат 40 млади изведувачи.  си/

Фото: Официјална страница на „Лорд оф д денс“

Остани поврзан