• четврток, 29 август 2024

Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Локлизиран е пожарот во близина на железничка станица и автобуската станица во Скопје, каде гореше запалена сува трева меѓу праговите на железничката пруга. Пожарот е на отворено, зад СУГС „Димитар Влахов“ во Скопје, соопшти Центарот за упрвување со кризи (ЦУК).

- Службите се на терен, Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), полицијата и жителите од куќите во тој дел, информира ЦУК.


Бригада за противпожарна заштита (БППЗ) денеска интервенирала и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички Пат кај Визбегово. 

Пет пожарникари со две противпожарни возила денеска, од 12:00 часот, интервенираат на пожар на неутврдена површина во атарот на селата Соње и Добри Дол, во Општина Сопиште. Со пожарот е зафатена ниска вегетација, а од  ЦУК нагласуваат дека во моментов ситуацијата е под контрола.

Од ЦУК информираат дека пожарите се гаснат од воздух и од земја. мд/цр

Фото: ЦУК

Остани поврзан