• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Литванија: Продолжува потрагата по исчезнатите американски војници

Литванија: Продолжува потрагата по исчезнатите американски војници

Рига, 28 март 2025 (МИА) – Во Литванија продолжува спасувачката акција по четворицата исчезнати американски војници, кои пред три дена за време на воена вежба нивниот тенк пропадна во мочуриште.

- Спасувачите, во областа за воена обука Пабраде, околу 50 километри североисточно од Вилнус, сè уште се обидуваат да го извлечат тенкот, што беше пронајден на речиси пет метри длабочина во каливото мочуриште. Успеавме да ја дренираме калта во текот на ноќта, но не доволно, бидејќи водата продолжува да надојдува од блиското езеро, изјави денеска литванскиот министер за одбрана Довиле Шакалиене.

Сè уште не е јасно дали исчезнатите војници се во военото возило тешко неколку тони.

- Дополнителни пребарувања се извршени во областа во текот на ноќта со помош на камери за термална слика и друга опрема, наведе Шакалиене.

Четворицата војници исчезнаа на 25 март за време на воена вежба на полигонот, што се наоѓа во близина на границата со Белорусија.

Литванската армија и полиција заедно со американската војска почнаа заедничка операција за пребарување и лоцирање на исчезнатите војници. ми/

фото: архива

 

Остани поврзан