• вторник, 02 јули 2024

Ликовната колонија „Ѓуриште“ претставена пред љубителите на уметноста во Делчево

Ликовната колонија „Ѓуриште“ претставена пред љубителите на уметноста во Делчево
Делчево, 2 април 2021 (МИА) - Ликовната колонија „Ѓуриште“ со свои дела,  претставена пред љубителите на уметноста во Делчево. Ликовната изложба е во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и ќе биде отворена до 13 април 2021.
-Денеска пред делчевската публика ги изложуваме делата од ликовната колонија ,,Ѓуриште" од Свети Николе. Имаме вкупно 24 дела акрил на платно од професионални дела од професионални уметници, сите со различен мотив. Изложбата со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 може да се види секој работен ден до 15 часот до 13 април годинава, истакна Александар Белогаски, од Центарот за култура во Делчево.
Додаде дека во наредниот период очекува  повторно да профункцинира ликовното атеље „Љубомир Белогаски“
-Атељето функцинира како дел од работата на нашиот Центар за култура и преку него младите ликовни таленти можат да ги покажат своите способности. Ќе отпочнеме со работа со првото ублажување на мерките за заштита од Ковид-19, додаде Белогаски.
Во наредниот период Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево како што додаде планира уште две ликовни изложби на кои со свои дела ќе се претстават уметници при Домот на култура од Неготино како и друди самостојни уметници од државата. вс/сст/

Остани поврзан