• сабота, 23 ноември 2024

Лидл во Холандија нема да продава цигари и тутун

Лидл во Холандија нема да продава цигари и тутун
Хаг, 1 октомври 2021 (МИА) - Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари и тутун, соопшти денеска германскиот трговски синџир. Лидл е прв трговски синџир кој ги повлекува од понудата тутунските производи, со цел да се „создадат генерации непушачи“. - Се надеваме дека нивниот пример ќе го следат и другите супермаркети, изјави холандскиот министер за здравство Пол Блокхус. Од 2024 година тутунските производи ќе се продаваат само на бензиските пумпи, специјализирани продавници, трафики и трговски обвјекти кои поседуваат посебна дозвола. Додека од 2023 година исто така ќе биде забранета продажбата на цигари и тутун преку интернет. ми/

Остани поврзан