• сабота, 18 мај 2024

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Бамако, 1 мај 2024 (МИА) – Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.

Неутрализацијата на терористичкиот лидер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.

Во соопштението се потсетува дека еден лидер на ИСИС учествувал во напад на Нигер во 2017 година, во кој беа убиени четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан