Ливерпул ја разгледува опцијата Зидан за главен тренер на тимот
- Ливерпул е заинтересиран да го назначи Французинот Зинедин Зидан за главен тренер на тимот, објави TodoFichajes“.
Ливерпул, 31 јануари 2024 (МИА) - Ливерпул е заинтересиран да го назначи Французинот Зинедин Зидан за главен тренер на тимот, објави TodoFichajes“.
Управата на англискиот клуб водела преговори со застапниците на 51-годишниот фудбалски стручњак за да дознаат за неговиот интерес за работа во Премиер лигата. Ливерпул е подготвен да му дозволи на Зидан да повика кој било играч во тимот.
„Црвените“ моментално се предводени од Јирген Клоп. На 26 јануари 56-годишниот Германец објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната 2023/24.
Претходно беше објавено дека Зидан сака да се вработи во француската репрезентација и е подготвен да чека додека не се испразни местото селектор во националниот тим.
Последното место на работа на францускиот стручњак беше Реал Мадрид, кој го напушти летото 2021 година. зс/
Фото: ЕПА