• недела, 07 јули 2024

Ливерпул е заинтересиран за Влаховиќ

Ливерпул е заинтересиран за Влаховиќ

Рим, 13 март 2023 (МИА) - Ливерпул размислува да го ангажира напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.

 

Според „Calciomercatoweb“ 23-годишниот Србин сака да го напушти торинскиот клуб. Самиот играч би сакал да игра за Реал Мадрид.

 

Влаховиќ е во Јувентус од јануари 2022 година. Неговиот актуелен договор со клубот е до јуни 2026 година.

 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.

 

Во сезоната 2022/23, Влаховиќ забележа 26 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и четири асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан