• среда, 26 јуни 2024

Ливерпул, Барселона или Ајакс на местото на Реал на Светското клупско првенство

Ливерпул, Барселона или Ајакс на местото на Реал на Светското клупско првенство


Мадрид, 10 јуни 2024 (МИА) – Ливерпул, Барселона или Ајакс би можеле да го заменат Реал Мадрид на Светското клупско првенство, објавија денеска неколку шпански медиуми.
Информацијата доаѓа откако тренерот на шпанскиот првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека Кралскиот клуб ќе одбие учество на турнирот во 2025 година. 
Турнирот треба да се одржи во нов формат со настап на 32 екипи. Натпреварите на турнирот ќе се одржат во САД од 15 јуни до 13 јули.
Новиот формат предизвикува загриженост кај клубовите и националните лиги поради пренатрупаниот календар.
Доколку Реал Мадрид одбие учество во првенството, неговото место би го зазеле Ливерпул или Барселона, а доколку ФИФА одлучи да даде предност на земја која сè уште не учествувала на првенството, главен претендент би можел да биде холандскиот гигант Ајакс. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан