• сабота, 21 декември 2024

Либанската влада е подготвена да ја брани земјата во рамките на расположливите можности

Либанската влада е подготвена да ја брани земјата во рамките на расположливите можности

Бејрут, 8 октомври 2024 (МИА) – Привремената влада на Либан денеска изрази подготвеност да ја „одбрани земјата во рамките на расположливите можности“ и најави дека врз основа на одлуките и директивите на политичките власти „ќе го направи она што смета дека е неопходно“ за да ја заштити државата.

Одлуката, како што се наведува во владиното соопштение, е донесена „во светло на зголемените варварски напади на израелскиот непријател врз различни региони во Либан, кои предизвикаа смртни случаи, повредени и големи разурнувања“.

- Искуството покажа дека армијата е институција која го претставува столбот на Либан и дека едвај чекаме успехот на меѓународните напори да ја запре израелската агресија што е можно поскоро, се посочува во соопштението.

Според либанските власти најмалку 1,3 милиони луѓе, што е повеќе од една петтина од вкупното население, ги напуштиле своите домови поради зголемените израелски воздушни напади. Во текот на изминатата година, десетици илјади луѓе од јужен Либан и северен Израел веќе беа принудени да избегаат, поради континуираните борби помеѓу Израел, Хезболах и другите антиизраелски сили. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан