• среда, 25 декември 2024

Летонија и даде на Украина 612 конфискувани автомобили

Летонија и даде на Украина 612 конфискувани автомобили

Рига, 25 декември 2024 (МИА) – Летонија и даде 612 конфискувани автомобили на Украина во вресност од 2,25 милиони евра.

Парламентот на Летонија во февруари мината година изгласа закон за поддршка на украинските цивили со кој е дозволено на Украина да и се достават моторни возила кои станале државна сопственост на Летонија. Во тоа се вклучени и возилата одземени од лица кои возеле под дејство на алкохол.

Летонија мината година и даде на Украина над 270 автомобили конфискувани од пијани возачи, со вкупна вредност од околу еден милион евра. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан