• четврток, 26 декември 2024

Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казастан загинаа 38 лица

Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казастан загинаа 38 лица

Москва, 25 декември 2024 (МИА) - Казахстанските власти соопштија дека 38 лица загинале откако денеска се урна авион на Азербејџан ерлајнс во близина на градот Актау во Казахстан.

Заменик-премиерот на Казахстан Канат Бозумбаев го откри бројот на загинати за време на состанокот со азербејџански официјални лица.

Авионот се урнал на пат од главниот град на Азербејџан, Баку, кон градот Грозни во Русија.

Како што соопшти Азербејџан ерлајнс, 37 патници биле државјани на Азербејџан.

Според соопштението, имало и 16 државјани на Русија, шест државјани на Казахстан и тројца државјани на Киргистан. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан