• понеделник, 17 јуни 2024

Лестер преку Манчестер јунајтед до полуфиналето на ФА купот

Лестер преку Манчестер јунајтед до полуфиналето на ФА купот
Лестер, 21 март 2021 (МИА) - Лестер вечерва го победи Манчестер јунајтед со 3:1 во четвртфиналето на ФА купот на домашен терен. Во полуфиналето, Лестер ќе игра против Саутемптон. Овој натпревар ќе се одржи на 17 април. Покрај Лестер, полуфинале во ФА купот денес изборија и фудбалерите на Челзи. Тие во следната фаза ќе се соочат со тимот на Манчестер сити. Победниците ќе играат за трофејот во финалето закажано за 15 мај. зс/

Остани поврзан