Леклер: Треба да ги почекаме тестовите во Бахреин за да добиеме целосен впечаток за перформансите на новиот болид
- Возачот на Ферари, Шарл Леклер даде првични оценки за новиот болид.

Маранело, 25 февруари 2025 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер даде првични оценки за новиот болид.
Возачот на Скудерија го тестираше новиот болид за време на денот на снимање на патеката во Фиорано. Тој истакна дека заклучоците може да се извлечат само за време на претсезонските тестови.
- Ако зборуваме за сензации, доста е тешко да се почувствува нешто специфично, бидејќи Формула 1 болидите еволуираа многу откако беше изградена патеката во Фиорано.
Патеката во Фиорано е многу тесна. Чувството е како да сте на урбана патека. Затоа, за да се добие целосен впечаток за перформансите на новиот болид, треба да почекаме претсезонските тестирања во Бахреин. Првите бројки добиени за време на трките не се разликуваат од она што очекувавме да го видиме. И ова е добар знак. Но, никогаш не се знае однапред. На крајот на краиштата, можно е Мекларен, Ред Бул или Мерцедес да пронашле некакво магично решение. Тоа ќе го видиме, повторно, само на тестовите во Бахреин, рече Леклер.
Сезоната 2025 во Формула 1 шампионатот ќе почне на 16 март со трката за Големата награда на Австралија. зс/
Фото: ЕПА