• понеделник, 15 декември 2025

Левица: Пратениците од Левица маршираа заедно со работниците

Левица: Пратениците од Левица маршираа заедно со работниците

Скопје, 1 мај 2025 

Пратениците од Левица денес маршираа рамо до рамо со синдикатите и со обесправените работници на улиците на Скопје - таму каде што секој вистински претставник на народот треба да биде.

Во услови на деспотска, десничарска власт предводена од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ – кога платите се навредливо ниски, синдикатите се игнорирани, а капиталот диригира сè - македонскиот работник е сведен на алатка, а не човек. Деградиран, замолчен и исцеден - тој го носи товарот на економијата, додека привилегираната елита паразитира на неговиот грб.

Минималната плата не стигнува ни за минимална потрошувачка кошничка. Работникот брои денови, не денари. А додека народот преживува, тајкуните и странските инвеститори, со поддршка од власта, профитираат од евтина, обесправена и заплашена работна сила.

Оваа власт не само што е глува за работничките маки - таа е соучесник во системското угнетување! Секој денар што го заработува работникот е натопен со пот, неизвесност и страв. Во исто време, функционерите и нивните пријатели уживаат во комфорот на тендери, луксуз и лаги.

Левица не молчи и нема да молчи! Од институциите се бориме за враќање на достоинството на работникот, а ќе бидеме и таму каде што власта не се осмелува да се појави - на улица, во борба, со народот! 

Нема народна власт без работничка моќ.
Нема друга алтернатива освен организираната политичка сила на трудот!
Да ги збиеме редовите, да ги исправиме главите и заедно да го вратиме достоинството што ни го украдоа!

Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан