• вторник, 27 август 2024

Левицата и студентските здруженија во Франција повикуваат на демонстрации против Макрон

Левицата и студентските здруженија во Франција повикуваат на демонстрации против Макрон

Париз, 27 август 2024 (МИА) - Екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, како и неколку студентски здруженија, денеска повикаа на мобилизација откако претседателот Емануел Макрон одби да ја назначи Луси Кастес од левицата за мандат за новата влада.

Тие повикаа на големи демонстрации против Макрон на 7 септември, се вели во соопштението за печатот, објави францускиот „Индипендент“.

Францускиот претседател вчера ја отфрли можноста коалицијата Новиот народен фронт (ЛФИ) да формира влада, по што коалицијата се приклучи на повиците на Унијата на студенти и Асоцијацијата на високообразовни институции за, како што наведоа, „демонстрации против автократијата на Емануел Макрон“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан