• петок, 22 ноември 2024

Мексиканската влада ги прекина односите со американскиот амбасадор

Мексиканската влада ги прекина односите со американскиот амбасадор

Мексико Сити, 27 август 2024 (МИА) - Мексиканската Влада ги прекина односите со американскиот амбасадор во таа земја, откако американскиот дипломат ја критикуваше предложената судска реформа, соопшти денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

- Дојде до пауза, рече Лопез Обрадор и појасни дека се работи само за односот со амбасадорот, а не со САД во целина. Тој посочи дека до сега имал „добар и конструктивен однос“ со амбасадорот Кен Салазар.

Салазар минатата недела ги критикуваше судските реформи како закана за мексиканската демократија, тврдејќи дека тоа ќе го изложи судскиот систем на влијание на организираниот криминал и ќе ги доведе во опасност трговските односи меѓу САД и Мексико, што Лопез Обрадор го отфрли како „мешање во внатрешните работи на Мексико“ кое може да ја загрози мексиканската демократија.

САД и Мексико се главни трговски партнери, а САД постепено отворија повеќе фабрики во Мексико за да ги пренасочат своите синџири на снабдување од Кина.
Лопез Обрадор денеска ја истакна потребата од почитување на суверенитетот на народите, но потврди и дека односите со Салазар и американскиот претседател Џо Бајден остануваат пријателски. ссм/

фото: архива

Остани поврзан