• петок, 22 ноември 2024

Леброн со 20 поени ги предводеше САД до победа над Германија

Леброн со 20 поени ги предводеше САД до победа над Германија

Лондон, 23 јули 2024 (МИА) - Во пријателски натпревар пред почетокот на Олимписките игри, кошаркарите на САД синоќа во Лондон ја совладаа Германија со 92:88.

Најефикасен играч на средбата беше Леброн Џејмс, кој постигна 20 поени, од кои 11 во последните 4 минути.

Кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во 2024 година ќе се одржи од 27 јули до 11 август. 

Германија ќе игра во групата Б со Франција, Јапонија и Бразил.

Американците се во Ц групата со Србија, Јужен Судан и Порторико. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан