• вторник, 26 ноември 2024

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

Скопје, 23 јули 2023

Ги поздравуваме сите политички партии кои застанаа позади иницијативата на Либерално-демократската партија, Фудбалскиот клуб „Вардар" конечно после долго време политички и институционални превирања и опструкции да добие финансиска помош од Градот Скопје, велат од ЛДП.

-Горди сме на овој заеднички успех и конечно после долго што партиите се откажаа своите политички интереси и покажаа обединетост, нешто што треба да претставува пример за сите клучни прашања во државата. Од клучно значење е да продолжиме да се бориме за спортот, а тоа мораме да го правиме колективно, додаваат од партијата.

Иницијативата за обезбедување институционална поддршка за ФК „Вардар", предложена од советникот на ЛДП проф. д-р Никола Пановски во Советот на Град Скопје, беше изгласана со 34 гласа „за“ и 1 „против“ на 32-та седница на Советот.

-Остануваме одлучни во заложбата за поддршка на ФК „Вардар", но и за обезбедување поддршка на сите спортски клубови кои се натпреваруваат во македонската прва лига. Да обезбедиме посветла иднина за спортот во земјава бидејќи истиот претставува гордост на секоја нација, велат од ЛДП.

Советот за спорт на Либерално демократската партија, препознавајќи ја итната потреба за колективна акција и единство ја предводеше оваа иницијатива по барање на навивачката група на Вардар- Комити, а со цел да се обезбеди опстанок и просперитет на фудбалскиот клуб, кој во последно време се соочува со сериозни предизвици.

Наместо да се потпира исклучиво на корпоративни донации, кои често водат до непотребни политички битки, ЛДП се залагаше за институционален пристап за одржување на клубот.

-Силен „Вардар" е потребен на македонскиот фудбал и спорт како еден од најголемите спортски амбасадори во регионот и Европа. Поттикнати од праксата на сите клубови ширум Европа каде главниот град дава поддршка на своите клубови, впрочем како и во минатото, станува збор за сосема легитимна одлука, додаваат од ЛДП.

 

Либерално-демократска партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Фото: ЛДП

 

Остани поврзан