• вторник, 05 ноември 2024

Лаутаро: Интер се уште има шанси за Скудетото, но веќе нема право на грешка

Лаутаро: Интер се уште има шанси за Скудетото, но веќе нема право на грешка

Милано, 15 јануари 2023 (МИА) – Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез верува дека неговиот тим има шанси з ашампионскиот трофеј, иако Наполи има двоцифрена бодовна предност.

По 18 одиграни натпревари, миланезите се на 4. место на табелата со 10 бода помалку од лидерот Наполи.

-Некаде на половина на првенството заостануваме десет бода зад Наполи. Сепак, не сме без шанси. Освојувањето на Скудетото е реално, има уште многу да се игра. Но едно е јасно, не смееме повеќе да грешиме. Повеќе не можеме да губиме бодови, инаку тешко дека ќе ги стигнеме, изјави Лаутаро.

Пред Интер на табелата во Серија А се и Јувентус, кој исто така има 37 бодови, Милан со 38 и Наполи со 47. зс/

Остани поврзан