• петок, 28 јуни 2024

Лапорта: Се сретнав со бизнисмен од Катар кој е заинтересиран да вложи во Барселона

Лапорта: Се сретнав со бизнисмен од Катар кој е заинтересиран да вложи во Барселона

Барселона, 3 јули 2023 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека одлетал во Катар за да преговара со еден од локалните бизнисмени.

 

- Патувањето во Катар? Економијата на клубот е во тешка состојба и има некои пазари кои не можеме да ги заборавиме. Запознав бизнисмен од Катар кој е заинтересиран да инвестира во Барселона, изјави Лапорта за „Мундо Депортиво“.

 

Каталонскиот фудбалски гигант се соочува со сериозни финансиски проблеми, но се обидува да користи нестандардни решенија за да потпише со нови играчи.

 

Таков е случајот со фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој се приклучи во летниот преоден рок како слободен играч.

 

Исто така, голем број медиуми пишуваат дека наскоро на тимот ќе му се приклучат Арда Ѓулер од Фенербахче и Витор Роке од Атлетико Паранаенсе. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан