Лапид со критика за Нетанјаху за примирјето на САД со Иран: Тоа е дипломатска катастрофа
- Лапид на мрежата „Икс“ напиша дека „никогаш немало таква дипломатска катастрофа во целата историја на Израел“ и истакна дека „Израел дури и не бил на масата кога се донесувале одлуки што се однесуваат на суштината на националната безбедност на земјата“, објави „Тајмс оф Израел“.
Тел Авив, 8 април 2026 (МИА) - Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, денеска го критикува премиерот Бенјамин Нетанјаху за двонеделното примирје меѓу САД и Иран опишувајќи ги неговите постапки како „дипломатска катастрофа“.
Лапид на мрежата „Икс“ напиша дека „никогаш немало таква дипломатска катастрофа во целата историја на Израел“ и истакна дека „Израел дури и не бил на масата кога се донесувале одлуки што се однесуваат на суштината на националната безбедност на земјата“, објави „Тајмс оф Израел“.
Според Лапид, додека армијата ги завршила сите задачи, а јавноста покажала исклучителна отпорност, Нетанјаху „не успеал дипломатски и стратешки и не исполнил ниедна од целите што си ги поставил“.
Тој додаде дека ќе бидат потребни „години за да се поправи дипломатската и стратешката штета предизвикана од ароганцијата, небрежноста и од недостигот на стратешко планирање на Нетанјаху“.сд/аб/
Фото:МИА архива