• четврток, 21 ноември 2024

Лазаров со 17 ракометари оди на гостувањето во Романија

Лазаров со 17 ракометари оди на гостувањето во Романија

Скопје, 12 март 2024 (МИА) – Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров одлучи со 17 играчи да отпатува на пријателските натпревари со Романија.

Лазаров поради повреди за претстојните тест-средби не може да смета на неколкумина стандардни, а последен кој го откажа учеството е бекот Филип Кузмановски.

Претходно се повредија, Ненад Костески, Томи Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ, додека неизвесен е настапот на пивотот Милан Лазаревски.

За натпреварите во Романија македонскиот селектор најави поголема минутажа за помладите кои поретко добиваат шанса да влезат во игра. 

Двата натпревара ќе се играат во Браила, на 15 и 16 март. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан