• сабота, 23 ноември 2024

Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 - годишник од Кавадарци 

Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 - годишник од Кавадарци 

Кавадарци, 16 јули 2024 (МИА) - Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 - годишник од Кавадарци. За ова попладнево информираа од СВР Велес. 

- Вчера  во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Вчера во 11.20 часот во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со З.О.(45) од неготинско село поради сомнение дека измамил 54-годишна жена од Демир Капија.

- Според пријавеното, тие се договориле З.О. да изведува градежни работи кај нејзе за што  во февруари оваа година му исплатила 100.000 денари, но до пријавувањето не ја завршил договорената работа. По документирање на настанот, против З.О. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес. 

Нешто порано околу 9 часот во СВР Велес, О.М. од Неготино пријавила дека заедно со медицински лица, кои вршеле домашна посета, во неговиот дом во лоша здравствена состојба го пронашле нејзиниот чичко Љ.Г.(70) од Велес, кој набргу починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес. свд/дма/


Фото: МИА архива

Остани поврзан