• сабота, 21 декември 2024

Лавров на почетокот на април ќе се сретне со амбасадорите на глобалното мнозинство за да разговара за ситуацијата во Украина

Лавров на почетокот на април ќе се сретне со амбасадорите на глобалното мнозинство за да разговара за ситуацијата во Украина

Москва, 29 март 2024 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека на почетокот на април ќе се сретне со амбасадорите на глобалното мнозинство за да разговара за ситуацијата во Украина.

Лавров за рускиот весник „Известија“ рече дека веќе двапати во Москва се сретнал со амбасадорите на глобалното мнозинство во Москва и изјави дека претходната средба била одржана пред два месеци.

„Учесниците го анализираа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за постигнување мир во Украина“, рече Лавров и нагласи дека преговорите не можат да се засноваат на тој предлог што го промовираат Европа и САД, туку на, како што наведе, сериозна анализа на постојните безбедносни проблеми, увидување на реалноста на теренот и гаранции за легитимните безбедносни интереси на Руската Федерација. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан