• недела, 13 октомври 2024

Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна

Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна

Ријад, 9 септември 2024 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна.

- Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Русија-Совет за соработка на арапските држави од Заливот.

Тој изјави дека „неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток: од границата на Либан и Израел до Црвеното Море и во исто време, конфликтот меѓу Израел и Иран достигна ново опасно ниво“.

Лавров истакна дека без решавање на палестинско-израелскиот проблем Блискиот исток нема да може стабилно да се развива и додаде дека Русија соработува со сите страни.

Премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, за време на својот говор укажа на потребата од прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој чекор го нарече клучен фактор за воспоставување траен мир на Блискиот Исток, поради што земјите треба да соработуваат.

Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, веќе имаше средба со генералниот секретар на Советот, Јасем ал Будаи, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан