• сабота, 05 октомври 2024

Куман не му дозволи на Фирпо да си замине од Барселона поради неуспешниот трансфер на Гарсија

Куман не му дозволи на Фирпо да си замине од Барселона поради неуспешниот трансфер на Гарсија
Барселона, 30 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман го блокираше трансферот на дефанзивецот Жуниор Фирпо во друг клуб. Претходно беше објавено дека каталонскиот тим е подготвен да го ослободи 24-годишниот играч, но Куман реши да не го пушта, откако стана јасно дека нема да биде можно да се потпише со Ерик Гарсија од Манчестер сити во текот на зимата. Фирпо го бараа Саутемптон, Милан и Гранада. Англискиот клуб сакаше да го изнајми за милион евра, но на крајот тој најверојатно ќе остане на „Камп Ноу“. Фирпо оваа сезона играше само четири пати во Ла Лига. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан