• сабота, 21 декември 2024

Започна арбитражниот процес против Јаник Синер

Започна арбитражниот процес против Јаник Синер

Лозана, 4 октомври 2024 (МИА) - Јаник Синер се надеваше дека од допинг аферата ќе се „извлече“ само со одземање на бодови, сепак Светската антидопинг агенција има поинакви планови за Италијанецот.

Судот во Лозана објави официјално соопштение во кое потврди дека Светската антидопинг агенција поднела жалба на одлуката поврзана со Синер. Меѓународниот арбитражен суд ги извести Синер, ИТИА и ИТФ за жалбениот процес.

-Арбитражниот процес на КАС започна. Во овој момент не може да се утврди кога ќе биде донесена одлука. Одлуката на КАС ќе биде конечна, само со можност една од страните да поднесе жалба до швајцарскиот трибунал во рок од 30 дена, а тоа е можно само за некои ставки, подвлече Меѓународниот арбитражен суд во Лозана.

Светската антидопинг агенција бара од судот во Лозана да го потврди одземањето на сите награди на Синер за резултатите во Индијан Велс, но и да го суспендира на период од една година и два дена. дс

Фото: Архива

Остани поврзан