• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кумановскиот театар вечер ќе ја изведе претставата „Трнорушка“ по повод петгодишниот јубилеј

Кумановскиот театар вечер ќе ја изведе претставата „Трнорушка“ по повод петгодишниот јубилеј

Куманово, 16 април 2025 (МИА) - Кумановскиот театар вечер со почеток во 18 часот ќе ја изведе детската претстава „Трнорушка“, информираа денеска надлежните од установата. Детската претстава слави пет години од првата изведба.

- Навистина сме горди и среќни што успеваме како театар да ја одржиме оваа претстава и што интересот од публиката не стивнува. Секоја нова генерација носи нова енергија и нови искуства. Тоа ни дава сила и инспирација да продолжиме, изјави актерката Владанка Крстевски.

„Трнорушка“ стана омилена претстава меѓу најмладите од Куманово. Актерите, освен во матичниот град, ја изведуваа и надвор од државата. На 13 мај, ансамблот ќе гостува на Меѓународниот фестивал за деца и млади „Волшебната завеса“ во Трговиште, Република Бугарија.

- Се надеваме дека убаво ќе ги претставиме театарот и нашиот град. Претставите за деца секогаш будат посебна возбуда - и кај нас актерите и кај публиката, додаде Крстевски.

Во претставата, покрај Крстевски, играат и Сања Русеска, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ и Владо Дојчиновски. Режијата е на Бојана Краљевска, сценографијата на Крсто Богојевски, текстот го адаптираше Зоран Зафировски, костимите се дело на Дарко Илиевски, а музичка поддршка обезбеди Александар Митрички. ам/бд/

Фото: Плакат / Театар - Куманово

Остани поврзан