• недела, 07 јули 2024

Кумановскиот музеј доби средства за реализација на 28 проекти

Кумановскиот музеј доби средства за реализација на 28 проекти

Куманово, 21 февруари 2024 (МИА) - Поголем број и нови проекти ќе реализира кумановскиот музеј со средства одобрени од годишната програма на Министерството за култура, информираа денеска надлежните од националната установа. Вкупно 28 проекти се одобрени од различни области и не само од музејската дејност, туку и од визуелни уметности, архитектура дизајн во меѓународна дејност, инвестиции, заштита на недвижно културно наследство.

- Со оглед на тоа дека се одобрени поголем број проекти и поголеми финансии од над два милиони денари, ќе понудиме интересна програма за кумановци. Во однос на музејската се опфаќа целокупна дејност, истражување, научно обработување, превентива конзервација, презентација, едукација, сите области ќе бидат покриени, ќе има и работилници, изложби, истражување во археологија, етнологија, оваа година програмата е разновидна, изјави директорката на установата Марија Миљуш Божурска.

НУ Музеј Куманово годинава одбележува повеќе јубилеи, 50 години од постоење на кумановска ликовна колонија, во таа чест ќе се организира изложба, 80 години од НОБ кои ќе бидат претставени преку изложба по повод денот на ослободување на Куманово, во ноември. Значаен е и самиот јубилеј на установата која одбележува 60 години од постењето. Во однос на инвестициите ќе се реновираат работните простории на вработените, сместени во постар објект на Куманово. ам/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан