• петок, 22 ноември 2024

Куманово ќе субвенционира колективни згради за уредување дворови

Куманово ќе субвенционира колективни згради за уредување дворови

Куманово, 10 февруари 2024 (МИА) - Куманово објави јавен повик за доделување на субвенции на колективните станбени згради за уредување на дворните површини за годинава, информираа од општината. Од локалната власт ги повикаа заинтересираните правни субјекти да достават барања за користење на средства за уредување на дворни површини и просторот околу станбените згради, сè до исцрпување на буџетот, најдоцна до 30 ноември годинава.

- Средствата што ќе ги надоместува Општина Куманово се во вредност од 80 проценти од вкупната инвестиција, но не повеќе од 80.000 денари по доставено барање, велат од општина Куманово.

Можат да аплицираат сите кои претходно не користеле субвенции како и сопствениците на станбени објекти кои се сè уште во фаза на изградба. Право на учество на јавниот повик имаат станбени згради управувани од лиценцирани станбени управители и регистрирани заедници на сопственици преку управител на станбена зграда или претседател на заедница на сопственици во Општина Куманово. Барањето може да се подигне во архивата на Општина Куманово или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.kumanovo.gov.mk

На јавниот повик немаат право на учество правни субјекти кои имаат веќе остварено право на користено субвенции за уредување на дворната површина. Заинтересираните треба да достават обрзец, елаборат, доказ за сопственост, копија од жиро-сметка, од договор за упавувачки услуги.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, сѐ до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 400.000 денари. ам/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан