• недела, 22 декември 2024

Куманово го чествува Денот на ослободувањето, 11 ноември

Куманово го чествува Денот на ослободувањето, 11 ноември

Куманово, 11 ноември 2024 (МИА) - Куманово денеска одбележува 80 години од ослободувањето. Бројни настани и манифестации се одржуваат во текот на денот во организација на општината, меѓу нив положување на свежо цвеќе на Спомен Костурницата, свечена седница на советот на која ќе бидат врачени „Ноемвриските награди“. Годинава наградите ги добија Никола Давидовски, естраден уметник во пензија, Агрон Фазлији, претседател на занаетчиската комора и Столе Димитриевски, голман на фудбалската репрезентација, како и НУ Музеј Куманово, „Форма Куманово“ и здружението „Крепост“.

- Ова е денот кој е особено значаен во нашата македонска историја. На денешен ден, во 1944 година, борците од НОБ го ослободија Куманово од бугарскиот и германскиот фашистички окупатор. 80 години подоцна, Куманово расте и се развива во модерен град, град на различности и соживот, град на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било друга припадност. Наша обврска е да продолжиме заеднички по овој вистински пат. Нека ни е честит 11 ноември – Денот на ослободување на Куманово, им честиташе денеска на кумановци, градоначалникот, Максим Димитриевски.

Вчера со настап на повеќе од дваесетина македонски изведувачи во предвечерието на денот се одржа голем гонцерт за кумановската и македонската јавност. Претходно беше отворена традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2024“, во чест на празникот 11 ноември. На изложбата беа презентирани дела од 24 уметници. Секторот за култура и Фондацијата за култура и спорт од почетокот до крајот на месец ноември организираат бројни манифестации од областа на културата и спортот. ам/ир/

 

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан