• недела, 22 декември 2024

Кузеска: Дипломатски дебакл и понижување на државата при посетата на македонската делегација во Софија

Кузеска: Дипломатски дебакл и понижување на државата при посетата на македонската делегација во Софија

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Македонската делегација на чело со Гордана Сиљановска Давкова, вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а нашата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа истакна дека надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска е импровизација и наивност.

Според Кузеска, Сиљановска и министрите  во Софија биле пречекани како претставници на локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија. 

-Гордата Гордана се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, избра да праќа соопштенија до јавноста без користење на државното уставно, се согласила на средба без заеднички изјави за медиумите. Ова е огромен срам, рече Кузеска.

Оцени дека Сиљановска од Софија  се враќа без никаква конкретна порака или договор и прапа која држава ја претставувала претседателката во Бугарија и со кои симболи. 

Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ, оцени таа, се согласиле однапред на приватен и понижувачки третман во Софија. Импровизација и наивност е надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска.

На новинарско прашање за заемот од Унгарија, Кузеска наведе дека „вчерашните информации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески“.

- Го прашуваме Мицкоски, зошто ја лажеше јавноста за ова? Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповилни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес. Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите, рече Кузеска.

Во одговор на новинарсо прашање за законот за бранители, рече дека премиерот Мицкоски има можност да ја докаже поддршката што ја изнсува со тоа што ќе побара од собранискиот спикер Африм Гаши да го стави законот на комисиска расправа. 

-Ако Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ дава недвосмислена поддршка за Законот бранителите, има можност тоа да го докаже. Прво да не коленичи туку да му се јави на Гаши да го почитува Деловникот на Собранието и да го стави Законот на комисиска расправа. Потоа да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да гласат во македонското Собрание.Законот може да се донесе ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаат „за“, рече Кузеска.лв/

фото:СДСМ 

 

Остани поврзан