• петок, 22 ноември 2024

Куба Гудинг Џуниор призна вина за три сексуални напади

Куба Гудинг Џуниор призна вина за три сексуални напади
Њујорк, 14 април 2022 (МИА) - Познатиот американски глумец Куба Гудинг Џуниор се изјасни виновен за три обвиненија за сексуален напад, пред судот во Менхетен, Њујорк, САД. Во обвинението, еден од престапите е опишан како „насилно допирање“. Досега оскаровецот ги отфрлаше обвинувањата, а неговата одбрана тврдеше дека бил неправедно обвинет во екот на движењето „#MeToo“ против сексуалното насилство во Холивуд. Гудинг (54) се изјасни за виновен за насилно допирање, а исто така и за два случаи на „контакт без согласност“ од октомври 2018. и јуни 2019 година. Според договорот со судот, Гудинг мора да продолжи со лекувањето на неговата зависност од алкохол и околу управувањето со гневот, кое го започна 2019 година. Доколку не покаже агресија следниве шест месеци, може да побара затворање на случајот. Тој инаку, беше уапсен во јуни 2019 година, откако 29-годишна жена го обвини дека ја допирал по градите во бар на „Тајмс сквер“. И две други жени подоцна го обвинија актерот за сексуален напад, од кои едниот се случил во ноќен клуб.  си/сд/

Остани поврзан