• сабота, 23 ноември 2024

Крис Пол ќе пропушти три недели по операцијата

Крис Пол ќе пропушти три недели по операцијата

Сан Франциско, 10 јануари 2024 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Крис Пол, успешно е опериран поради фрактура на левата рака, објави клупската прес-служба.

Играчот се повреди во третата четвртина од натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Детроит. 

За три недели, на 38-годишниот Американец ќе му биде извршен втор лекарски преглед, по што ќе се знае точното време за закрепнување.

Оваа сезона, Пол настапи на 32 натпревари, со просек од 8,9 поени и 7,2 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан