Крис Пол шести асистент во историјата на НБА
- Кошаркарот на Феникс, Крис Пол се искачи на шестото место по број на асистенции во историјата на НБА.
Вашингтон, 21 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Феникс, Крис Пол се искачи на шестото место по број на асистенции во историјата на НБА.
Триесет и петгодишниот Пол ноќеска на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Мемфис (128:97), имаше шест асистенции по што го престигна Оскар Робертсон (9.887 асистенции).
Сега Пол има вкупно 9.891 асистенции во кариерата.
Лидер на листата во оваа статистичка категорија е поранешниот плејмејкер на Јута, Џон Стоктон со 15.806.
Пред Пол уште се и: Џејсон Кид (12.091 асистенција), Стив Неш (10.335), Марк Џексон (10.334) и Меџик Џонсон (10.141). зс/