• петок, 05 декември 2025

Кристијано Роналдо на 50 голови до 1.000

Кристијано Роналдо на 50 голови до 1.000

Ријад, 26.октомври 2025 (МИА) – Португалецот кој го носи дресот на Ал Наср, Кристијано Роналдо е на чекор до 1.000-тиот гол во кариерата. Роналдо на последниот натпревар на неговиот тим постигна еден гол во финишот на дуелот за победа од 2:0 против Ал Хазем.

Ова беше неговиот вкупно 950-ти гол во кариерата.

Иако има 40 години головите и натаму претставуваат голема радост за еден од најдобрите светски фудбалери и голгетери. Во својата кариера тој има постигнато голови за: Спортинг 5; Манчестер Јунајтед 145 (118+27); Реал Мадрид 450, Јувентус 101, Ал Наср 106 и Португалија 143.

Покрај настапите за клубот, Роналдо го очекуваат и дуелите на Португалија во квалификациите за СП каде потребна им е една победа за пласман на Мундијалот. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан