• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава против таксист кој вршел јавен превоз без лиценца

Кривична пријава против таксист кој вршел јавен превоз без лиценца
Скопје, 30 јануари 2022 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Ј. (33) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“, соопшти Министерството за внатрешни работи. - На ул.„Живко Брајкоски“ во Гостивар денеска полициски службеници извршиле контрола на возило „Фолксваген Голф“, со табла со натпис „Такси“, при што било констатирано дека не поседува соодветна документација - лиценца издадена од соодветна институција, посочуваат од МВР. фф/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан