Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување судска одлука“
- Против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување судска одлука“.
Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување судска одлука“.
- Од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции, соопшти денеска МВР.
И покрај мерките, З.Ц., како што се наведува, преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел да се обиде да ѝ го одземе старателството и го инволвирал во постапка пред надлежна институција.
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, стои во соопштението од МВР. мд/дма/
Фото: МИА архива