• недела, 22 декември 2024

Илире Даути: Законите што ги кршат Уставот и Деловникот на Собранието немаат место во комисијата што ја водам јас

Илире Даути: Законите што ги кршат Уставот и Деловникот на Собранието немаат место во комисијата што ја водам јас

Скопје, 7 ноември 2024

И денеска на седницата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади колегите од ВМРО и СДСМ се обидоа на дневен ред да го вметнат законот за „бранители“, кој како и во минатото така и денеска го отфрлив повикувајќи се на Деловникот за работата на Собранието, но и во принципот на еднаквост на граѓаните.

На колегите пратеници им ја нагласив мојата определба, од која никогаш нема да мрднам, дека не можеме да дозволиме да се воведува закон кој фаворизира само дел од граѓаните, а исклучува друг дел. Изразив подготвеност за учесниците во вооружениот конфликт од 2001 година да организираме јавна дебата на која ќе најдеме решение за припадниците на полицијата и армијата, но и за припадниците на ОНА.

Оваа држава има единствен буџет кој го полнат сите граѓани и од него треба да имаат корист сите граѓани. Еднаквоста е основниот принцип по кој треба да се води оваа држава.

 

Алијанса за Албанците

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан