• сабота, 21 декември 2024

Кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднела кривична пријава против А.С.(28) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека на 17.07.2024, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени полуавтоматско оружје – пиштол „Заводи Црвена Застава“ калибар 9 мм, куршуми со калибар 7,65 мм и чаура 7,65 мм. цр/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан