• сабота, 21 декември 2024

Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети

Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети

Дебар, 17 септември 2024 (МИА) - Одделението за внатрешни работи-Дебар поднесе кривична пријава против Ќ.М.(22) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Тешка кражба“ и „Оштетување туѓи предмети“. 

- На 12 овој месец, искористил поволна прилика и од продажен објект лоциран на улицата „Амди Леши“ во Дебар, бесправно одзел паричник со документи и пари во разни валути во вкупна вредност од 258.300 денари, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Лицето набрзо било приведено од полициските службеници а во полициската станица насилно се однесувал, оштетувајќи го стакло од влезната врата. вт/цр


Фото: МИА

Остани поврзан